Пендаровски: Можно е денешната состојба да го смени ставот дека нема потреба од вонредна состојба

by fokus

Претседателот Стево Пендаровски во вечерашното интервју на телевизија Телма најави дека развивањето на состојбата со корона вирусот и денешната состојба можно е да го смени ставот дека нема потреба од прогласување на вондредна состојба.

-Денешната состојба можно е да смени нешто во ставот за прогласување вонредна состојба. За прв пат имаме потенцијал за ширење на вирсусот на Скопје. Сериозно треба да размислиме за доплнително распределување на сили. Многу луѓе мислат дека тоа само по себе го решава проблемот. Општа оценка е досегашната поставеност беше доволна да се спречи ширењето.
Од денеска влегуваме од една посериозна состојба, од вчера до денеска имаме речиси дуплирање на бројката, предупреди Пендаровски.

Поврзани новости