757
Претседателот Стево Пендаровски во вечерашното гостување во 360 степени зборувајќи за моралната одговорност за случајот со пожарот во Тетово рече тоа е лично чувство, кое не може на никого да му го сугерирате.
-Од кривично-правен аспект ќе треба да заврши истрагата и да се види дали некој е виновен за пожарот во Тетово или станува збор за несреќен случај. Но, моралната одговорност е категорија во која човек од страна не може да ја сугерира, тоа е лично чувство. Тоа е чувство кое го имаш во себе, имаш некој праг по кој велиш ‘после ова јас не можам да бидам, раководител, директор, министер, претседател…’ и тука не може на никого да му сугерирате, тоа е лично чувство, вели Пендаровски.