Пендаровски: Младите полесно се решаваат да студираат на странските универзитети наместо кај нас

by Fokus

Претседателот Стево Пендаровски денеска на Правниот факултет во Скопје се обрати на Свечената академија, што се одржа по повод 70 годишнината од основањето на Правниот факултет „Јустинијан Први“ под покровителство на претседателот Пендаровски.

„Сведоци сме дека новото време донесе и нови, големи предизвици и во областа на образованието. Првиот предизвик е сé понагласената конкуренција меѓу различните академски дисциплини. Во времето на четвртата индустриска револуција, сé повеќе млади луѓе, не само кај нас туку и во светот, својата иднина ја гледаат во професиите што произлегуваат од природните и техничките, наместо општествените науки. Пандемијата на Ковид-19 само го засили уверувањето дека професиите на иднината се во сферата на новите технологии и дигиталните услуги. Вториот предизвик е конкуренцијата од другите, сродни факултети во странство. Дел од младите луѓе кои во 21 век се определуваат за политичките, правните или комуниколошките науки полесно се решаваат да студираат на странските универзитети наместо кај нас, пред се, заради полесен влез на пазарот на трудот“, рече Пендаровски.

Поврзани новости