Пендаровски: Мицкоски е последниот политичар во Македонија кој би требало да зборува за личниот рејтинг

by Fokus

Претседателот Стево Пендаровски му порача на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски дека е последниот политичар во Македонија кој би требало да зборува за личниот рејтинг. Ова следи по изјавата на Мицкоски за рејтингот на Пендаровски.

„Имено и после цели пет години како претседател на ВМРО-ДПМНЕ има двојно помал рејтинг од нивниот поранешен претседател Никола Груевски. Во македонската политичка историја, претседателите на најголемите политички партии секогаш имале двојно повисок личен рејтинг од партиите кои ги воделе. Ова беше случај и со Бранко Црвенковски и со Зоран Заев кај СДСМ, и со Љубчо Георгиевски и Никола Груевски кај ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски е единствениот исклучок затоа што има 50% понизок рејтинг од партијата која ја предводи.

Впрочем, најпрецизен индикатор за личниот рејтинг на Мицкоски е последната анкета на фондацијата ИРИ, на која претседателот Пендаровски има најголема доверба, а Мицкоски не се наоѓа ниту меѓу првите петмината на листата““ се вели во изјавата на претседателот на државата.

Поврзани новости