Пендаровски: Мисини кој штрајкува со жед за лицата без документи да продолжи со активизам без да го загрозува здравјето

by Fokus

Претседателот Стево Пендаровски на Фејсбук објави дека денес го посетил активистот Суад Мисини кој вчера почна со штрајк со жед за да им помогне на македнските граѓани кои имаат проблем да извадат лични документи. Тој во објавата вели дека во разговорот го информирал Мисини дека веќе го потпишал Указот на законот со кој се изменува Законот за матична евиденција на граѓаните.

„Со овие измени им се овозможува на над 600 наши граѓани да ги решат нивните проблеми и да добијат лични документи. Исто така со измените ќе се реши и проблемот со бездржавјанството и на секое дете кое ќе биде родено во земјата затоа што ќе добие извод при раѓање, без разлика дали неговите родители имаат или немаат лични документи“, вели Пендаровски во својата објава.

Претседателот посебно потенцира дека е потребно што е можно поскоро да се направат измени и во Законот за живеалиште и престојувалиште со што ќе се овозможи на уште една ранлива категорија граѓани да извадат лични документи.
„Апелирам до пратениците во македонското Собрание кои веќе работат на овој процес да го завршат час поскоро затоа што секој човек има право на достоинствен живот. На крајот на разговорот побарав од Суад Мисини да продолжи со неговиот активизам на начин на кој нема да биде загрозено неговото здравје“, изјави Пендаровски.

 

Поврзани новости