Пендаровски: Ми дадовте голема одговорност која ќе ја оправдам во интерес на посреќен живот за сите

by fokus

Заедничкиот претседателски кандидат на коалицијата предводена од СДСМ и ДУИ, Стево Пендаровски денеска се заблагодари на укажаната шанса, и му се заблагодари на премиерот Заев за, како што рече, политичкиот потег без преседан повторно да му даде шанса во трката за претседател.

-Исклучителна е честа да бидеш поддржан од претставници на сите етнички заедници, од 31 политичка партија, но, и од многу граѓани кои воопшто не се членови на политички партии.
Посебна благодарност сакам да изразам до политичката коалиција, предводена од СДСМ и лично до премиерот Заев, кои направија политички потег без преседан, по пет години да ми дадат шанса повторно да влезам во трката за претседател, откако во 2014-та, сите ние, бевме предмет на брутален изборен инжинеринг.
Почитувани граѓани, од вчера, ми дадовте голема политичка одговорност, која во месеците и годините што идат, имам намера, заедно со сите вас, да ја оправдам во целост, во интерес на подобриот и посреќен живот за сите во нашата земја, порача Пендаровски.

Поврзани новости