Пендаровски: Ме следат тајни служби блиски до опозициската партија

by fokus

24 часа мене, а веројатно и моето семејство, ме следи тајна разузнавачка служба блиска до наша голема опозициска партија. За 10 дена неколку пати се објавуваат фотографии од тоа каде се движам, вели Стево Пендаровски, заеднички кандидат за претседател на владејачката структура во интервју за 1 ТВ.

-Ова е само сигнал, насоката во која ќе се движи кампањата за претседател, само што ќе биде уште повалкана. Мене не ми се блиски подземни кампањи, јас ќе одговорам со аргументи и јавно. Остатоците од режимот не смеат да бидат толерирани, тоа е работа на институциите од оваа власт, вели Пендаровски.

 

Поврзани новости