Не гледам ништо спорно во изјавата на Еди Рама за одвојување на Албанија од Севрена Македонија на патот кон ЕУ. Логично е ако ние и понатаму продолжиме да бидеме блокирани од страна на Бугарија дека другите земји кандидати нема да сакаат својот пат кон ЕУ да го врзуваат со кој било друг, вклучително и со нас. Ако сака ЕУ да биде геостратешки проект, целиот регион треба да го најде своето место час поскоро во Унијата, изјави претседателот Стево Пендаровски на зедничката прес-конференција во Цетиње со неговиот домаќин црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ.
–Од аспект на албанските национални интереси таа изјава на Рама е логична. Ние сме третирани во пакет од страна на Брисел заедно со Албанија во изминативе скоро 2,5 години и не навлегувајќи во резоните на бриселската бирократска и политичка заедница зошто е тоа така, бидејќи во суштина процесот на европски интеграции е мерит бејсд процес – кој заслужува индивидуално оди понатаму кој не останува во чекална, значи не навлегувајќи во тој сет на мотиви зошто тоа го направија пред неколку години логично е ако ние и понатаму продолжиме да бидеме блокирани од страна на Бугарија дека другите земји кандидати нема да сакаат својата судбина, својот пат кон европските интеграции да ги врзуваат со кој било друг, вклучително и со нас, вели Пендаровски на новинарско прашање за изјавата на албанскиот премиер Еди Рама.
Тој со апел до ЕУ дека ако сака ЕУ да биде геостратешки проект, целиот регион треба да го најде своето место час поскоро во ЕУ.