384
Македонската делегација е во Њујорк, на 78. сесија на Генералното собрание на Обединетите нации.
Освен претседателот Пендаровски и премиерот Ковачевски, во делегацијата се и вицепремиерите Фатмир Битиќи и Бојан Маричиќ, како и шефот на дипломатијата Бујар Османи.
Со Пендаровски во Њујорк заминаа и 10 членови на неговиот кабинет.
Премиерот Ковачевски е придружуван од лица од неговиот кабинет.
Османи во Њујорк е придружуван од петмина вработени во Министерството за надворешни работи.
Од тројцата претставници на државниот врв само собранискиот спикер Џафери е во Македонија.