529
Македонскиот претседател, Стево Пендаровски преку социјалните мрежи ја честиташе победата на Македонија над европската велесила Италија.
„Нашите фудбалски херои веќе ја испишаа историјата на македонскиот фудбал. Честитки за победата, пожртвуваноста, храброста и борбеноста во играта на нашата македонска фудбалска репрезентација против силниот противник. На чекор до Катар, благодарни сме на радоста што ни ја приредувате.