Пендаровски: Кога ќе ми заврши мандатот нема да барам претседателска пензија

by fokus

Претседатeлот Стево Пендаровски на денешниот брифинг со новинарите најави дека по завршувањето на мандатот нема да бара претседателска пензија и средства за канцеларии.

-Немам намера да барам канцеларија, туку просторија во Министерството за надворешни работи, каде ќе одржувам состаноци и средби како поранешен претседател. Нема да барам ни пензија, ќе продолжам да работам како професор, рече Пендаровски.

Поврзани новости