„Клучните столбови на мојата програма во 2019 година беа влез во НАТО, почнување на преговори со ЕУ и стабилни меѓуетнички односи. Тоа е триаголникот за успехот и стабилноста на државата. Тоа е остварно“ рече пратседателот Стево Пендаровски на дуелот на ТВ Телма со неговата против кандидатка Гордана Сиљановска-Давкова.
Тој додаде дека земјата стана членка на НАТО за време на неговиот мандат, ги деблокираше и започна преговорите со ЕУ, а меѓуетничкиот односи иако не се идеални, се далеку подобри од времето на режимот на вМРО-ДПМНЕ.
Претседателот Пендаровски додаде дека тој сака да ги привлече тие кои не гласале за него во првиот круг, да го поддржат сега со неговата програма, која е базирана на реална основа, а не фикции.
„Јас не тврдам дека оние кои го потпишале Преспанскиот договор, треба да завршат во затвор и кривично да одговараат. Јас тврдам дека е добар договор што ги штити државните интереси. Госпоѓата вели обратно, сега вели добро е што сме во НАТО, но пред 3-4 години велеше дека кривично требало да се одговара“ рече Пендаровски.
Тој додаде дека не вели дека Преговарачката рамка со ЕУ е во ред, но има проблем со некои аспекти, туку вели дека ја прифаќа, како што е прифатена од сите земји членки на ЕУ.
„Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, уште незавршен првиот круг велеше дека има коалиција и бараше поддршка од наводните коалициони партнери за претседателскиот кандидат. По завршувањето на првиот круг тој рече дека разговарал со Таравари и Максим Димитриевски и повторува дека бара поддршка и за претседателскиот кандидат“ рече Пендаровски.
Тој додаде дека директни разговори со лидери на партии за претседателски избори не приличи на највисоката политичка функција во државата.
„Јас се надевам дека ќе ги мотивирам да ме гласаат и тоа е единствениот легитимен начин. Јас да ги убедам, а не да одам од партија до партија, од лидер до лидер. Лидерските договарања не придонесуваат за демократијата во Македонија“ рече Пендаровски.
Претседателот додаде дека има драстична разлика во пристапот, бидејќи трката е за претседател, кој треба да биде независен од било кои центри на политичка или економска моќ.
За 27 април вели: „Јас бев пратеник и еден од нападнатите што бевме внатре, а имаше и видео записи кои ги виде цел свет. Тоа е чин без преседан, што се случува само во африкански диктатури“.
Пендаровски додаде дека минимум доблезно би било ВМРО-ДПМНЕ да се извини тој чин, без преседан во поновата европска историја.
„Разбирам ако некој е виновен или треба да добие помала казна, да ја ублажите. Но противкандидатката вели дека сите за 27 април ќе ги амнестира. Како може да амнестирате за таков чин?“ рече Пендаровски.
Претседателот додаде дека потребно е извинување и широка дебата, па потоа да се разговара или размислува за евентуално амнестирање.
„Треба да се види од каде тргнавме во однос на мноштвото бугарски барања – од јазик и идентитет, окупација и администрација, до барањето за да се стави малата бугарска заедница во Уставот“ рече Стево Пендаровски.
Тој додаде дека за тоа имаше консензус во ЕУ, но немаше за другите, кои беа одбиени од наша страна, но и од земјите-членки на ЕУ.
„Европската преговарачка рамка ни овозможи да ги почнеме преговорите, сите рекоа почнете. Јас не велам, како што вели госпоѓата, ја прифаќаме рамката, ама не и промена на Уставот. Едно без друго не оди“ рече Пендаровски.
Претседателот додаде дека Советот на ЕУ во своите заклучоци истакна дека промената на устав е последниот политички предуслов пред продолжување на преговорите, па потоа според Преговарачката рамка ќе се оди кластер по кластер.
„Европскиот совет вели дека рамката не го одредува продолжувањето на преговорите, Советот на ЕУ во своите заклучоци вели државата ќе продолжи да преговара со оваа рамка, откако ќе го промени Уставот“ рече Пендаровски.