Пендаровски ќе се сретне со Ердоган

by fokus

Претседателот Стево Пендаровски од денеска ќе престојува во работна посета на Турција, каде што ќе учествува на самитот на претседатели на држави и влади на членките на Процесот за соработка на земјите од Југоисточна Европа, кој ќе се одржи во Анталија.

„Предвидено е претседателот Пендаровски да има свое обраќање на самитот, а ќе има билатерална средба со претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган. Пендаровски ќе оствари средба и со потпретседателот на Европската комисија и висок претставник за надворешна и безбедносна политика на Европската Унија, Жозеп Борел“, соопшти кабинетот на Пендаровски.

Шефот на државата утре, 18 јуни, ќе учествува на Анталија дипломатскиот форум, кој се одржува првпат под мотото „Иновативна дипломатија: нова ера, нови пристапи“, каде што ќе говори на претседателската панел-дискусија на тема „Како да ја зајакнеме регионалната солидарност во светло на научените лекции“.

Пендаровски во сабота, 19 јуни, во Истанбул ќе оствари средба со архиепископот цариградски, вселенскиот патријарх Вартоломеј.

Поврзани новости