Пендаровски ќе оди на крунисувањето на британскиот крал Чарлс

by fokus

Претседателот Стево Пендаровски ќе присуствува на церемонијата на крунисувањето на британскиот крал Чарлс Трети што ќе се одржи в сабота, на 6 мај.

Од кабинетот на Пендаровски потврдуваат дека претседателот добил покана од Бакингемската палата, ја прифатил и ќе оди на настанот.

За крунисувањето на 6 мај, поканети се шефови на држави со кои Лондон има целосни дипломатски односи, како и претставници на британските региони и прекуокеанските територии.

Со церемонијата на крунисување ќе чиноначалствува архиепископот од Кентербери Џастин Велби, духовен поглавар на Англиканската црква.

Чарлс Трети автоматски стана крал по смртта на неговата мајка, кралицата Елизабета Трета, на 8 септември. Таа почина на 97-годишна возраст по 70-годишно владеење.

 

Поврзани новости