583
Претседателот на државата денеска напладне го има традиционалното годишно обраќање пред пратениците на Собранието на Република Северна Македонија.
За Стево Пендаровски ова ќе биде второ обраќање по стапувањето на функцијата, а прво пред новиот парламентарен состав формиран по изборите во јули годинава.
Според член 85 од Уставот Претседателот на Републиката го известува Собранието за прашања од неговата надлежност најмалку еднаш годишно. Собранието може да побара од претседателот на Републиката мислење за прашања од неговата надлежност.