972
Професорот од Правен факултет, Александар Спасов, ќе биде претставник на претседателот, Стево Пендаровски, во работната група за уставните измени. Работната група треба да се формира во следниве денови, но се уште не се знае кој се ќе биде дел од експертската група.
Во јавноста се шпекулира дека можни кандидати кои би ги подготвувале уставните измени се академик Владо Камбовски, професорите Рената Десковска, Беса Арифи, поранешната судијка Маргарита Цаца Николовска, како и професорот во пензија Светомир Шкариќ. Но овие експерти велат дека безпредметно е да се работи на уставни измени за кои се уште нема консензус во парламентот.
Свои претставници се уште не номинирале ниту партиите иако имаат рок до 10ти април.