649
Претседателот Стево Пендаровски најавува дека лидерска средба би можело да се одржи во периодот меѓу 10 и 12 мај.
-Имав телефонска комуникација и со Зоран Заев и со Христијан Мицкоски и од двајцата добив потврда дека би учествувале во таква лидерска средба во период, грубо одредено, меѓу 10 и 12 мај – рече Пендаровски во 360 Степени.
Тој додаде дека, исто така, има редовна комуникација и со партиите на Албанците во опозиција и на власт.