Претседателот Стево Пендаровски денеска во претседателската резиденција ќе одликува четири личности со Орден за заслуги за државата.
Како што беше најавено, постхумно ќе бидат одликувани Горан Стефановски, пејачот и актер Зафир Хаџиманов и професорот Ремзи Несими, а орден за заслуги ќе добие и првиот човек на „Алкалоид и претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Живко Мукаетов.
Горан Стефановски ќе биде одликуван за исклучителен и неповторлив придонес во континуитетот и во осовременувањето на книжевното културно наследство, Зафир Хаџиманов за огромниот придонес во специфичниот полижанровски развој во сферата на уметничкото творештво, Ремзи Несими за неговиот траен придонес во филолошките науки и албанологијата во Република Северна Македонија и во светот воопшто, а Живко Мукаетов за професионалните стандарди во фармацевтската индустрија и за неговата филантропска култура и општествена одговорност.