„Долги години во нашата јавност постои една перцепција дека САД во регионот и кај нас, повеќе ги поддржува Албанците од другите. Од она што го знам и истражувам, САД никогаш не бил проалбански и никогаш не биле антимакедонски во своето постапување и секогаш ги следеле своите национални интереси“.
Ова го изјави денеска македонскиот претседател Стево Пендаровски на конференцијата со наслов „Односите на Соединетите Американски Држави и Северна Македонија во ера на геополитички превирања“ во организација на Претседателскиот центар за политичко образование.
Тој истакна дека национален интерес на САД е Балканот да биде стабилен, а со тоа да е стабилна и Македонија.
„Прво ги интересира Македонија да биде во овие граници уште од времето на распадот на Југославија, второ да биде демократија, а да не оди кон диктатура и трето Македонија да биде функционална и мултиетничка демократија, што е концептот кој што беше промовиран Охридскиот рамковен договор“ рече Пендаровски.
Тој изнесе податок дека „САД има црна листа од 2001 година. Над 90% од имињата на листата се Албанци. Како тогаш Американците се проалбански?“.