Пендаровски кај семејството на Ембла

by Fokus

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Гостивар го посети семејството на 11-годишната Ембла Адеми и основното училиште „Единство“ каде што таа следи настава во четврто одделение. Ова девојче со Даунов синдром го почна со задоцнување второто полугодие поради бојкот на родители на нејзини соученици што минатата недела предизвика бурни реакции во јавноста и од надлежните институции.

Со родителите на Ембла Пендаровски разговараше за предизвиците со кои таа и нејзиното семејство се соочуваат секојдневно, фокусирајќи се на можностите за нивно надминување.

– Пендаровски ги охрабри и поддржа родителите во нивната борба за заштита на правата на децата со атипичен развој и ја поздрави брзата реакција на Народниот правобранител и одлуката на Комисијата за заштита од дискриминација да отвори постапка за случајот со Ембла. Претседателот ја нагласи важноста од запазување на законските одредби на инклузија во образованието, потенцирајќи ја општествената одговорност особено кон ранливите групи. Претседателот истакна дека се неприфатливи однесувањата на оние кои на кој било начин ги загрозуваат правата на децата, дотолку повеќе кога станува збор за деца со атипичен развој, соопшти Кабинетот на Пендаровски.

Поврзани новости