411
Претседателскиот кандидат Стево Пендаровски при денешната посета на Липково порача дека на 5 мај Албанците ќе потврдат дека само заедништвото може да и донесе прогрес на државата.
-Важно е да не се гласа за Сиљановска, бидејќи таа сака да уништи сè она што е направено во интерес на граѓаните. Во 2001 јас велев „да“ за Рамковниот договор, таа беше против, јас бев „за“ Законот за јазици, таа беше против. Во недела сите кои ќе гласаат за неа, гласаат за нов Иванов, рече Пендаровски.