Пендаровски: Јас се обложив со мојот тим дека Силјановска нема да дојде „На Мегдан“

by fokus

Претседателскиот кандидат Стево Пендаровски на денешната дебата од иницијативата „На Мегдан“ рече дека се обложувал со тимот дека Гордана Силјановска-Давкова нема да дојде на денешното соочување.

„Јас се обложив со мојот тим дека нема да дојде. Силјановска нема протестирано за ништо, а на една дебата и подарив книга за Томислав Кежаровски. Таа за тоа не кажала ништо. Не сме ја виделе Силјановска на протести, не била со нив, не може да им погледне во очи на членови на „Шарената револуција“. Таа беше дел од една посебна номенклатура, но не работеше за интересите на студентите. Тие го упропастија професорскиот пленум, кога на најголемиот диктатор му вели дека „немам ништо против вас““, истакна Пендаровски.

Поврзани новости