Пендаровски: Јас поддржав една изборна единица, но партиите понатаму нека ја тераат работата

by Фокус

Претседателот Стево Пендаровски денеска изјави дека од позицијата на која се наоѓа само може да поддржи иницијативи за измена на Изборниот законик во однос на намалување на бројот на изборни единици, но, како што истакна, не може да ги предводи политичките процеси.

-Јас дадов веќе едно соопштение откако неколку политички субјекти дојдоа кај мене со тоа барање, бидејќи претходно како кандидат на претходни избори јас бев за тоа и сега сум, меѓутоа оставам тие политички субјекти да ја тераат понатаму работата во соработка, колку што знам што е последна информација, со некои меѓународни организации кои се занимаваат со тоа – реформи во изборните системи во транзициските држави – рече Пендаровски.

Поврзани новости