404
Претседателскиот кандидат од редовите на СДСМ, Стево Пендаровски истакна дека со членство во НАТО, Македонија ќе има мир и безбедност, но и економски развој.
„Јас не нудам празни ветувања туку зборувам за реалност која ни е на дофат. За помалку од една година Македонија ќе биде членка на НАТО. Тоа не е гаранција само конечен мир и безбедност, туку значи експресен економски развој. Само така ќе обезбедиме подобри услови за младите“, вели Пендаровски.