Пендаровски ја следи ситуацијата, засега не планира да свика лидерска

До овој момент тој не смета дека има простор за негов политички ангажман, велат за Фокус од претседателскиот кабинет.

by Фокус

Претседателот на државата Стево Пендаровски ги следи партиските активности и прегрупирања по завршувањето на локалните избори. Но, како што велат од неговиот кабинет за Фокус, до овој момент тој не смета дека има простор за негов политички ангажман.

Согласно неговите уставни надлежности, претседателот на државата е должен да постапува само ако добие соодветно известување од претседателот на Собранието (Талат Џафери), во случај на евентуално изгласување на недоверба на владата“, велат од кабинетот на Пендаровски.

Инаку, некои политичари и аналитичари периодов порачаа дека треба да се направи обид да се надмине комплицираната политичка ситуација преку политички дијалог, кој може да се покрене и на лидерска средба свикана од претседателот на државата, но, според информациите од претседателскиот кабинет, засега не се планира таква средба.

В.С.

Поврзани новости