685
Претседателот Стево Пендаровски по денешната седница на Советот за безбедност објави дека донел одлука за прогласување на нови 14 дена вонредна состојба. Тој истакна дека целта на оваа одлука е да и се овозможи на владата да се справува со здравствената и економската ситуација и нема врска со одржувањето на парламентарните избори.
-Сакам да им се заблагодарам на граѓаните, на мнозинството од нив, што 3 месеци останаа дисциплинирани, но да не се опуштаме и да останеме совесни и одговорни до крајот на битката – рече Пендаровски.
Тој упати порака до владата негативните трендови во некои општини да не бидат повод да се враќање на мерките на цела територија. Воедно, тој побара да се санкционираат сите граѓани што не ги почитуваат мерките.