Пендаровски ја посети Агенцијата за разузнавање

by fokus

Претседателот Стево Пендаровски денеска оствари работна посета на Агенцијата за разузнавање на Република Северна Македонија.

Како што соопшти Кабинетот на претседателот, за време на посетата Пендаровски бил информиран за тековните и предвидените активности во надлежност на Агенцијата, насочени за собирање, анализа и обработка на разузнавачки информации коишто се значајни за безбедноста, одбраната, политичките, економските и други интереси на Република Северна Македонија.

Претседателот, како што се наведува, беше запознаен со придонесот на Агенцијата за разузнавање во исполнувањето на стратешките цели на Северна Македонија – членството во НАТО и ЕУ, со акцент на меѓународната соработка на Агенцијата со партнерските служби. На средбата со раководството беше разговарано и за меѓуинституционалната соработка како важен дел за координацијата на активностите на институциите со сродна дејност со Агенцијата за разузнавање.

Пендаровски бил информиран и за активностите на Агенцијата за внатрешни реформирање и донесување нов Закон, со цел градење модерна и ефикасна разузнавачка служба, согласно препораките, критериумите и поддршката на НАТО.

Поврзани новости