Пендаровски ја одложи посетата на Хрватска

by fokus
Претседателот Стево Пендаровски вечерва соопшти дека телефонски разговарал со претседателот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ и се согласиле да се одложи најавената посета на македонскиот претседател.
-Заеднички се усогласивме да се одложи мојата најавена посета на Загреб планирана за почетокот на ноември имајќи го предвид неповолниот развој на состојбата со #Ковид19 во двете земји, но и низ цела Европа.
Хрватска останува силен поддржувач за оддржување на првата меѓувладина конференција до крајот на годинава и формално отпочнување на преговорите на Северна Македонија за членство во ЕУ, соопшти Пендаровски.

Поврзани новости