622
Станува збор за непримерна изјава која користи речник кој може да навреди цели категории наши граѓани и во таа смисла мислам дека е добро што премиерот уште истиот ден се извини на оние кои се почувствувале евентуално навредени од тие некои зборови, рече Претседателот Стево Пендаровски, во интервју за Гласот на Америка на македонски јазик на прашањето да ја коментира изјавата на премиерот Зоран Заев дека нема да дозволи „неколку криминалци, еден суетен новинар и еден педер” да ја симнат оваа Влада од власт.
– И мене ми се случило да ми се испушти некоја изјава и ме критикувале за таа реченица, фраза или изјава. Меѓутоа, тоа така треба да биде. Така се станува сериозна демократија и никој од нас не треба да нервозен или лут што јавноста така перцепира. Јас тргнувам и од себе – просто јас немам право на грешка, вели Пендаровски.