581
Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на своите уставни надлежности, денеска потпиша укази за поставување на должноста вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Северна Македонија во Словачката Република, во Канада, во Кралството Норвешка, во Кралството Белгија и во Република Бугарија.
За амбасадор во Словачка е поставена Евгенија Илиева, во Канада е поставен Агрон Буџаку, во Норвешка е поставен Дритон Кучи.
Методија Белевски, пак, е поставен за амбасадор во Белгија, додека за амбасадор во Бугарија е поставена Агнеза Руси Поповска.