Пендаровски: Имаме напредок во делот на корупцијата!

by Fokus

Имаме неспорен напредок во делот на корупцијата. Имаме скок од 24 места, според Извештајот на Транспаренси интернешенeл, но тоа не е доволно. Уште сме далеку од европскиот процес, изјави денеска претседателот Стево Пендаровски одговорајќи на новинарско прашање по обраќањето на тркалезна маса „Западниот Балкан помеѓу Западот и Истокот: Северна Македонија – членка на ЕУ до 2030 година“.

Тој останува на ставот дека скок од 24 места на табелата на Извештајот на Транспаренси интернешенeл не е за потценување.

-Имаме скок од 24 места на таа табела што не е мала работа. Но, како што кажав и во годишното обраќање во Собранието, тоа не е доволно затоа што и на таа позиција на која сме, на 87-мо место од 180 држави во светот кои се анализирани и мерени, ние сме сепак далеку од европскиот просек и тоа треба да ни биде целта. Значи, напредок имаме, меѓутоа не е доволен, потенцираше Пендаровски.

Поврзани новости