Пендаровски и вработените во Кабинетот останаа без плата

by Fokus

Претседателот на државата Стево Пендаровски и неговиот Кабинет не зеле плата за минатиот месец

Причина за тоа е дека Министерството за финансии нема дополнителни средства за исплата на платите, потврдија од Кабинетот на претседателот.

„Потврдуваме дека платата за месец јануари 2023 година не е исплатена за вработените во Кабинетот и за претседателот на Република Северна Македонија.Образложението кое го добивме од Министерството за финансии е дека во Буџетот за 2023 година нема дополнителни средства за исплата на плати за вработените во Кабинетот на претседателот и го сметаме за неосновано.Кабинетот на претседателот во согласност со потпишаниот Колективен договор со Синдикатот на вработените, предвиде покачување од 5 проценти на плата само за државните службеници кои се вработени во Кабинетот на претседателот. Ова покачување не се однесува за претседателот, именуваните лица и посебните советници во Кабинетот. Средствата за Буџетот во 2023 година се обезбедени преку сопствени заштеди во буџетот на нашата институција и за ова не се побарани дополнителни средства од Министерството за финансии, се појаснува во соопштението.

Поврзани новости