398
Најдено е решение помеѓу институциите претседател на Република Македонија и Министерството за финансии за исплата на плата за претседателот и вработените во Кабинетот на претседателот за месец јануари 2023 година.
„Платата ќе биде исплатена во наредните денови, во согласност со Колективниот договор и утврденото покачување од 5% за административните службеници во Кабинетот. Постигнатото решение предвидува внатрешна прераспределба на средства во рамките на постоечкиот и одобрен буџет за 2023 година за Кабинетот. Со ова решение целосно се почитува Колективниот договор, а уште еднаш повторуваме дека претседателот, именуваните лица и посебните советници не добиваат покачување на плати“, велат од таму