Пендаровски и сопругата ќе присуствуваат на погребот на кралицата Елизабета Втора

by fokus

Претседателот Стево Пендаровски денеска ќе присуствува на државниот погреб на британската Кралица Елизабета Втора во Вестминстерската палата во Лондон.

Шефот на државата е придружуван од неговата сопруга Елизабета Ѓоргиевска.

Тие вчера и оддадоа последна почит на британската Кралица Елизабета Втора и се запишаа во Книгата на жалост.

– Со сопругата оддадовме почит на посмртните останки на Кралицата Елизабета Втора, пред погребната церемонија во Вестминстерската опатија. Голема почит за децениите во служба на народот и за тоа што беше пример за лидерство, скромност и великодушност. Нека почива во мир, напиша претседателот Пендаровски на својот Фејсбук-профил.

Кралицата Елизабета втора почина на 96-годишна возраст на 8 септември. Таа беше монарх со најдолго владеење во британската историја и најстар шеф на држава во светот.

Поврзани новости