Пендаровски и Радев денеска на средба со папата Франциск

by Fokus

Претседателот Стево Пендаровски, кој престојува во посета на Италија а и Светата Столица по повод манифестацијата „Македонија во чест на Св. Кирил”, денеска – 27 мај 2021 година, четврток, ќе има аудиенција кај Поглаварот на Римокатоличката црква,  Папата Франциск, а ќе оствари средба и со државниот секретар на Светата Столица, кардиналот Пјетро Паролин. Потоа, претседателот Пендаровски во базиликата „Сан Клементе” ќе положи цвеќе на гробот на Свети Кирил.

Во попладневните часови, претседателот Пендаровски, заедно со претседателот на Република Бугарија, Румен Радев, ќе ја посети базиликата „Санта Марија Маџоре”, каде заеднички ќе оддадат почит на делото на Светите браќа Кирил и Методиј.

Поврзани новости