Претседателот Стево Пендаровски и неговата сопруга Елизабета Ѓоргиевска вчера во Хрватска се сретнаа со тамошниот претседател Зоран Милановиќ и неговата сопруга Сања Мусиќ Милановиќ.
Двата пара се најдоа во хрватските медиуми, а нивната елегантност и складност при изборот на гардеробата не останаа незабележани од јавноста.
Ѓоргиевска, која е вработена на Клиниката за детска превентивна стоматологија и е професорка на Стоматолошкиот факултет при УКИМ во Скопје, е позната како жена со стил и со истенчен вкус за мода, кој не потфрлил откако е на функцијата прва дама.
За средбата со Милановиќ таа избрала костим со впечатлива сина боја, кој асиметрично ги покрива колената, дискретна шминка и слободно пуштена коса, а пак претседателот се појави во темно одело, со вратоврска во сина боја, ускладена со бојата на костимот на неговата сопруга.
Првата дама на Хрватска пак, носеше розово-тегет комбинација, а нејзиниот сопруг модно се ускладил со неа со темното одело и вратоврската во иста розова боја, како и нејзиното здолниште и салонки.
И двата пара изгледаа елегантно, и забележително беше дека внимавале заедничкото појавување да им биде во тон. И во минатото, често се случува претседателот да избере вратоврска во иста боја како здолништето на неговата сопруга, а впечатокот кој го оставиле во јавност со својот моден избор, е дека никогаш не потфрлиле.
Претседателските парови, со својата едноставност и маркантност во исто време, ги освоија симпатиите на хрватската јавност поради внимателно усогласените комбинации, па покрај новинарските наслови за нивната модна ускладеност, актуелни беа и позитивните коментари кои читателите ги оставаа под објавите.
-Кој тоа, вака добро ве среди, како да сте излезени од моден каталог, е само едно од прашањата на хрватските читатели, кои освен комплиментите за изборот на гардероба, ја опсипаа со комплименти Ѓоргиевска и поради витката линија.
Префинетиот моден стил, кој истовремено зрачи со сигурност и едноставност, стана заштитен знак на Ѓоргиевска и Пендаровски. Ненаметливите, а сепак комбинации кои се доволно шик за да се запомнат, се начин да се промовира и животниот стил на личноста која ги носи. Парот, барем досега, на секое јавно претставување се покажал достоинствено и оригинално при изборот на гардероба.
Вики Клинчарова
Фото: Даворин Вишниќ