Билатералните односи меѓу Македонија и Хрватска се пријателски, без отворени прашања, со континуиран политички дијалог и конструктивна соработка, изјави претседателот Ствео Пендаровски на средбата со хрватскиот претседател Зоран Милановиќ, која се одржа во рамки на Преспа форум за дијалог.
Од кабинетот на претседателот информираат дека на средбата биле разменети мислења за севкупните односи меѓу двете држави, соработката на регионален и мултилатерален план, за аспирациите на нашата држава за членство во Европската Унија, состојбите во регионот и руската агресија врз Украина.
„Претседателот Пендаровски го информираше претседателот Милановиќ за текот на скрининг процесот со Европската Унија и изрази благодарност за силната хрватска поддршка за нашето членство во ЕУ“, соопшти кабинетот на Претседателот.