Процесот на трансформација, опремување и модернизација на Македонската армија и нејзиното учество во меѓураодни операции и вежби, била главна тема на разговорите меѓу претседателот Стево Пендаровски и претседавачот на Воениот комитет на НАТО, адмирал Роб Бауер, кој престојува во официјална посета на Македонија.
-Соговорниците разговараа за соработката меѓу Северна Македонија и НАТО, за актуелните регионални и безбедносни прашања, а беа разменети мислења и информации за состојбите во Украина и улогата на Алијансата во одбраната на украинскиот народ од руската воена агресија, соопштија од кабинетот на Пендаровски.
-Северна Македонија како членка на НАТО, во рамки на можностите ќе продолжи да пружа воена, хуманитарна и дипломатска помош на Украина и укаринскиот народ, со крајна цел прекин на воената агресија, му порача Пендаровски на Бауер.
Од Кабинетот на претседателот соопштија дека тој и адмира Бауер констатирале дека Алијансата треба да продолжи во своите напори за поддршка на Украина со цел стабилизирање на ситуацијата во целиот евроатлантски простор
-Претседателот Пендаровски изрази подготвеност за натамошно унапредување на соработката и јакнење на НАТО сојузништвото во насока на исполнување на заедничките цели за колективна безбедност и мир на европскиот континент, соопштија од кабинетот на Пендаровски.