706
Претседателот на Македонија, Стево Пендаровски денеска оствари две средби во Атина, една со претседателката и една со премиерот на Грција. Како што истакна тој, се разговарало за целосно имплементирање на Преспанскиот договор.
„Во врска со таблите на кои стои старото име на нашата земја, добив уверување дека тоа ќе се промени, но дека е во надлежност на општините, поточно во северниот дел на земјата, после границата. Малку е специфично кај нив“, додаде Пендаровски.