51
Резултатите се јасни. Сакам соогласно резултатите кои ги видовме, да им посакам среќа на победниците и успешна работа во наредните пет години, истакна актуелниот претседател и кандидат од редовите на СДСМ, Стево Пендаровски.
„Мојата идеја за европска Македонија не помина. Штета што многу денес не го земаа ливчето и не гласаа за претседател на државата. Повеќе немам што да кажам, освен дека што и да се случи денес, резултатите се јасни. Стотици илјади наши граѓани беа оневозможени да гласаат за претседател. Затоа уште еднаш им честитам на победниците“, вели Пендаровски.