53
Претседателот Стево Пендаровски денеска го потпиша указот за измени на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата со кои се пролонгира важењето на возачките дозволи со старото уставно име, а крајниот рок за нивна замена ќе биде 31 декември 2024, информираат од кабинетот на претседателот.
-Претседателот Пендаровски ја поздравува одлуката на пратениците кои денеска ги ставија интересите на граѓаните над дневната политика и донесоа решение за возачките дозволи, велат од кабинетот на Пендаровски.