Пендаровски го посети боречкиот клуб „Лирија“: Честитки до Бесир и до тренерите

by fokus

Претседателот Стево Пендаровски денеска го посети боречкиот клуб „Лирија“, матичниот клуб на европскиот шампион Бесир Алили. Тој се сретна со Бесир и му честиташе на успехот.

-Браво Бесир, ти честитам од се’ срце што ни донесе победа од Фаенца! Со освојувањето на шампионската титула како млад борач ни донесе голем успех со твојата истрајност и посветеност. Го посетив боречкиот клуб Лирија кој од 1977 година е еден од најтрофејните клубови во нашата спортска историја. Честитки до тренерите на Бесир и до сите кои придонеле за успехот на македонското борење, напиша Пендаровски по посетата.

Поврзани новости