474
Претседателот на државата Стево Пендаровски на својот профил на Фејсбук напиша дека доколку Собранието не се состане, претседателот на Собранието ќе го проследи владиниот предлог за прогласување вонредна состојба до него, по што ќе се обрати до јавноста.
-Во моментов имам информација дека предлогот на Влада на Република Северна Македонија за прогласување на вонредна состојба се подготвува и треба да биде доставен до Собранието. Доколку Собранието не се состане, претседателот на Собрание ќе го проследи предлогот до мене по што ќе се обратам до јавноста, напиша на ФБ претседателот Пендаровски.