499
Шокиран сум од одлуката на апелацискиот суд за случајот „Таргет-Тврдина“, реагира претседателот Стево Пендаровски.
„Одлуката е пораз за правната држава и доказ за ниската доверба на граѓаните во правосудните органи. Ваквите одлуки само ја поткопуваат вербата на граѓаните дека се можни вистински реформи во владеењето на правото и борбата против корупцијата“, напиша Пендаровски на фејсбук.