Пендаровски доби велосипед од бамбус од амбасадорот на Индонезија

by fokus

Амбасадорот на Индонезија вчера му подари велосипед од бамбус на претседателот Стево Пендаровски.

-Ми беше задоволство лично да се сретнам со амбасадорот на Индонезија, Иван Богананта, кој поради пандемијата, акредитивите ги предаде по писмен пат. Етничката и културна разновидност, негувањето на толеранција и меѓурелигискиот дијалог, се вредности кои ги споделуваат двете земји и кои претставуваат основа за продлабочување на нашите меѓусебни контакти, напиша Пендаровски на фејсбук.

Поврзани новости