Да седите дома на 30 септември е најголем степен на граѓанска и лична неодговорност кон себе, кон сопственото семејство и кон државата во која живеете, истакна Стево Пендаровски, национален координатор за членство во НАТО.
– Во договорот со Грција зецементиран е македонскиот идентитет и македонскиот јазик и тоа ќе биде признаено од целиот свет, од меѓународните организации почнувајќи од најголемата Обединети Нации каде македонскиот јазик ќе се преведува на сите шест официјални јазици во ОН каде членуваат 193 држави членки. Не можам да видам аргумент на страната на оние кои велат дека договорот е капитулантски, дека не треба да биде поддржан, а особено неможам да видам аргументи кај оние кои тврдат дека ние воопшто не треба да се асоцираме кај двете најголеми меѓународни организации, Европската унија и НАТО затоа што наводно тие биле на заминување, во распаѓање и дека час поскоро треба да се оддалечуваме наместо доближуваме кон нив – рече Пендаровски во Битола.
Според него, референдумот ќе биде успешен затоа што голема е предноста на граѓаните кои сакаат Македонија еднаш засекогаш да биде заедно во друштво со најголемите држави во светот.