Пендаровски: Состојбата е пата-пата, за избори треба мнозинство во Собрание

by fokus

Да почекаме од понеделник да видиме како ќе се развива ситуацијата по овој неуспешен обид за изгласување недоверба на Владата.

Јасно е дека состојбата сега е пата-пата. Да видиме дали од понеделник ќе се формира ново, ќе се обнови постојното или ќе се зголеми ова што е досега мнозинство од 61 пратеник, изјави вечерва претседателот Стево Пендаровски.

Прашан дали ќе има предвремени парламентарни избори, шефот на државата појасни дека според Уставот, постои само еден начин за распишување предвремени избори, а тоа е пратениците со 61 глас „за“ да го распуштат Собранието.

За лидерска средба кај него, според Пендаровски потребна е взаемна согласност од власта и опозицијата.

Поврзани новости