Претседателот на Македонија, Стево Пендаровски во обраќање во Собранието упати порака дека не смее да се дозволи полуписмени и шарлатани лекари да влијаат во одлуката за вакцинацијата, која е најавена во нашата земја од март наредната година.
„Нашата најважна задача по Ковид пандемијата е да направиме анализа за функционирањето на правниот поредок. На почетокот на следната година ќе донесам одлука за јавна дебата за управување со кризна и вонредна состојба. Во однос на ограничувањето на движењето и социолошки односи, потфрливме, со оглед на тоа дека психолошки лошо ваквите принудни мерки влијаеа на граѓаните. Со тоа се создаде недоверба во институциите, па оттаму нас не очекуваат негативни кампањи за вакцинирањето. Полуписмени и шарлатани од лекари не смееме да дозволиме во 21. век да влијаат во одлуката за вакцинација “, вели претседателот.