Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Богојавление – Водици, упати честитка до сите граѓани коишто го прославуваат.
„Имам особено задоволство и чест да ви го честитам големиот христијански празник Богојавление – Водици и најискрено да посакам пред се добро здравје, радост, среќа и бериќет.
Чинот на фрлање на светиот крст и годинава ќе не собере покрај македонските води за заедно да го посведочиме јавувањето на Бог и да ги наполниме срцата со надеж и верба.
Симболиката на прочистените води нека ни биде мотив за духовно прочистување и инспирација за добри дела. Да негуваме разбирање слога и човекољубие, постојано дарувајќи љубов, грижа и внимание. Нека ни е честит и вековит празникот Богојавление- Водици!“, порача Пендаровски.