Пендаровски: Бугарската блокада дојде откако Франција ја „квачеше“ методологијата

by Фокус

Шефот на државата, Стево Пендаровски, во вечерашното издание на „Click Plus“ на ТВ21 изјави дека дел од причините зошто Северна Македонија во овој период стана толку важна во агендите на европските лидери е срамот дека ЕУ не испорачала.

-Нив им е срам што државата која го промени своето име, единствена во светот, се уште не може да почен преговори. Срам им е не затоа што чекаме 17 години, туку чекаме со небулозни образложенија – надвор сме со небулозни образложенија. Ние имамвме референдумско прашање во кое и ЕУ беше спомната еднакво и веднаш до НАТО членството. НАТО испорача, ЕУ не испорача, притоа да не се залажуваме, бугарската блокада следеше откако веќе имаше некажана француска блокада која побара нова методологија, која ја носеа таму, грубо да не кажам – ја квачеа шест месеци – рече Пендаровски.

Тој додаде дека Русија го злоупотребила легитимното право на граѓаните да протестираат.

 

Поврзани новости